ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД НОАВМ 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ ОД КИСЕЛА ВОДА ВО ПОСЕТА НА ГЕВГЕЛИЈА

На покана на Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи од Гевгелија, денес во нашиот град престојуваше делегација на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од скопската општина Кисела Вода. При тоа, тие положија свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија. 

Секретарот на гевгелиската боречка организација и граѓаните продолжувачи од Гевгелија, Ангел Алчинов пред гостите од Кисела Вода истакна дека во борбата со фашистичкиот окупатор, за ослободување на Македонија и Гевгелија, се положени 74 животи, од кои 13 потекнуваа од самиот град Гевгелија, а меѓу нив се и шестмина борци на гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“.

Ние и денес, истакна при тоа Алчинов, и натаму ќе им се поклонуваме и на нив, како и на сите жртви на фашистичкиот окупатор. Во аманет на младите им оставаме порака никогаш да не го заборават нивното дело.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *