ДЕДО МРАЗ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРИСТИГНУВА МАЛКУ ПОРАНО, НА 29 ДЕКЕМВРИ (Среда)

Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 29 декември, 2021 година, организира традиционален дочек на Дедо Мраз за најмалите од општина Гевгелија. Оваа манифестација насловена како „Дедо Мраз пак кај нас“ ќе започне со дочекот на Дедо Мраз на Железничка станица. Имено, новогодишниот карван, составен од родители и деца, со Дедо Мраз ќе се движи по улицата „Маршал Тито“ до Градскиот плоштад. Дружењето со Дедо Мраз ќе биде збогатено со новогодишниот концерт на танцовото студио „Мистик“. Претставувајќи се со кореографии инспирирани од урбаната и поп-културата на денешницата, оригинални и својствени за студиото. Пред почетокот на настанот, во просториите на Пионерскиот дом, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, традиционално, ќе им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите категории. Доделувањето на пакетчињата ќе започне во 11 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *