ДАВИД АВРАМОВСКИ ОД КАРАТЕ КЛУБ „АРМОР“ СОЛИДЕН 11-ТИ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА ВО ИСТАНБУЛ
На ден 31.05.2024 каратистот Давид Аврамоски од Карате клуб „АРМОР“ од Гевгелија на 28 – то Балканско првенство за деца во Истамбул, се пласираше на солидното 11 то место од вкупно 43 учесника во категоријата 12 години ката поединци.
Давид е првиот ученик од Карате Клуб„ АРМОР“ кој на предходното Државно првенство во Македонија, кое се одржа во нашиот град, со освоено второ место успеа да се избори за пласман на Балканско првенство за деца во Истамбул Од клубот упатуваат честитки до Давид и неговите тренери.
Голема благодарност искажуваат до Карате Федерација на Македонија, и до Ристо Мелков кој е и сопственик на Карате клуб АРМОР. Клубот се заблагодарува до нивниот генерален спорзор АРМОР СЕКЈУРИТИ, и другите спонзори ТОБАКО БУЛЕВАР, АМПА ПРОМ-БОГДАНЦИ, ЗОНА ЕКСПРЕС.