ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ПОНИЖУВАЧКОТО ЧЕКАЊЕ ЗА ПОДИГАЊЕ НОВИ ДОКУМЕНТИ?

Дали ќе ги снема долгите редици на граѓани, кои на овие ниски температури со часови чекаат за подигање на личните карти, возачки дозволи и патни исправи во зградата на МТВ. Роковите за смена на документите завршуваат во февруари, а судејќи според изјавите на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и барањето на Демократскиот сојуз, можно е да се пролонгира рокот за вадење на овие документи.
 
Имено, претседателот и Демократскиот сојуз предлагаат Владата да предложи измена на законите со кои ќе се продолжи рокот за замена на личните документи (лични карти, возачки дозволи и пасоши) до крајот на оваа гoдина. Премиерот Ковачевски најавува ова да го предложи на сеница на Влада. Овој состав на Владата или Техничката Влада, треба да ги подготви законските измени, по што Парламентот по итна постапка да ги донесе. Евентуалните отворени прашања со Грција треба дa се разрешат по дипломатски пат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *