Д-Р ЉУПКА УРУМОВА, НАЧАЛНИЧКА НА ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА: ЗА МЕСЕЦ ДЕНА ИМАМЕ ПЕДЕСЕТТИНА СЛУЧАИ НА ДОЕНЧИЊА И ДЕЦА ОД 2 ДО 5 ГОДИНИ СО НЕТИПИЧНА ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ТЕШКА РЕСПИРАТОРНА ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА.

Доктор Љупка Урумова, началничка на детското одделение при Општата болница со проширена дејност во Гевгелија вели дека вакви респираторни проблеми, или како што се нарекуваат респираторен синцицијален вирус кај најмалите пациенти, кои развиваат дури и тешка бронхопневмонија, обично се појавуваат во зима заедно со грипот, а не, како сега, во летниот период. И, наместо појава на стомачни проблеми кај дечињата, кои вообичаено се јавуваат во летниот период, ние, вели докторката, се соочуваме со случаи на бронхопневмонии.
Во месец јуни, потенцира Урумова, во општина Гевгелија имавме случаи на доенчиња и деца на возраст од две до пет години, значи деца кои посетуваат градинки, со таква тешка симптоматологија, која можам да кажам, сме ја немале ниту во зимските периоди кога бројот на пациенти достигнувал и над стотина. За сериозноста на ваквата ситуација зборува и фактот што на неколку мали пациенти им е потребна дури и кислородна поддршка.
Ваквите симптоми кај малите деца, можно е да се јавуваат, според доктор Урумова, токму сега поради тоа што во текот на пандемијата повеќето од родителите не ги носеа своите деца во градинка, се носеа маски, имаше и рестрикции во движењето, па сега, со олабавување на мерките, овој респираторен синцијален вирус ги помешал временските периоди и повторно ни се јавува.
Доктор Урумова вели дека до сега добро се справуваат со ваквите мали пациенти , кои се лекуваат, во придружба на своите мајки на детското одделение со соодветна терапија, а само незначителен број се пратени на лекување во Скопје.
Во соработка со доктор епидемиолог Сашо Олумчев направени се ковид тестирања кои се негативни кај сите деца, но, вели Урумова, испратени се материјали во Скопје за геномско секвенционирање, кое ќе покаже дали причината треба да ја бараме во Делта сојот или пак респираторен вирус кој ја „помешал“ сезоната.
Со ова не сакаме да шириме никаква паника кај родителите, туку сакаме да бидеме транспарентни и да откриеме за што навистина се работи, изјави доктор Урумова

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *