„Д ФЕСТИВАЛ 2021“ ВО ДОЈРАН. ДВА ДЕНА МУЗИКА, ПЛАЖА, ШИРЕЊЕ ЉУБОВ И ДРУЖЕЊЕ НА ЕДНО МЕСТО.

Синоќа, точно на баксузниот ден, петок 13-ти, или 52 години од почетокот на фестивалот „Woodstock“, во Дојран започна среќното и весело единаесетто издание на еден од најдобрите „open air“ музички фестивали во Македонија, „Д фестивал“ кое годинава трае два дена и ќе се одвива само на главната бина.
На првиот фестивалски ден настапија електронското дуо „Горгон сити“ и бендовите „Дубиоза колектив“, „Фолтин“ и „Репетитор“.
Вечерва, за затворање на овогодишното издание, ќе настапат Кирил Џајковски, раперот Страјк, хип-хоп изведувачот „Смоке мардељано“ и бендовите „Смат“ и „21 век“.
Манифестацијата и оваа година се одржува во согласност со мерките за заштита од пандемијата и со целосно придржување кон безбедносниот протокол за организирање на музички настани, а програмата се одвива само на главната бина од 21:00 до 02:30 часот.
Два дена љубов, музика, плажа, езеро и фестивалските луѓе повторно заедно, напишаа организаторите. Младите создаваат поубав свет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *