ЦРВЕНИОТ КРСТ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА
Во летниот период проследен со високи температури важно е граѓаните навремено да бидат информирани за начините за заштита од топлото време и грижа за сопственото здравје.
За таа цел тим на ОО Црвен крст Гевгелија со поддршка од екипа од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и директорот Д-р Патрик Матх на градскиот пазар во Гевгелија на граѓаните им дистрибуираа вода и информативни флаери, а на граѓани превентивно им беше измерен крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.