ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СО ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ХОТЕЛ „ФЛАМИНГО“

Во хотел-казино „Фламинго“ во Гевгелија на 23 февруари 2024 година, од 10 до 16 часот ќе биде одржана традиционалната крводарителска акција на кои ќе учествуваат вработени во оваа компанија како и заинтересирани граѓани на Општина Гевгелија
Организаторите, Црвениот крст Гевгелија и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, апелираат оваа акција да биде една од најмасовните до сега.
 
Првата крводарителска акција во казино „Фламинго“ хотелот се одржа во ноември 2020 година како продолжување на хуманитарно-донаторски активности кои Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија ги реализираше од почетокот на светската пандемија со ковид-19.
Крводарител може да биде секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години. Во однос на годишниот интервал на дарување, мажите може да даруваат на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *