На 17 март, денот на основањето на Црвен крст на Република Македонија, се одбележува и Денот на крводарителството.
По тој повод, Црвениот крст од Гевгелија организира крводарителска акција во петок, на 15 март 2024 година. Акцијата ќе се одвива во просториите на Народниот театар во времето од 10 до 16 часот.
Доброволното крводарителство во Република Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини на крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените.
Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето.
Крвта како лек е сè уште незаменлива и нејзиното добивање исклучиво зависи од добрата волја на луѓето крводарители, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв.