„ЦРТЕЖИ И СКУЛПТУРИ“-ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИОТ УМЕТНИК РАНКО ДАКИЌ ВО УМЕТНИЧКАТА ГАЛЕРИЈА „АМАМ“

„Цртежи и скулптури“ е насловена изложбата на македонскиот уметник Ранко Даќик која од 13 Октомври ќе биде поставена во Уметничката галерија Амам во Гевгелија, каде ќе бидат претставени неговите најнови цртежи, но и избор од неговите скулптури од периодот 2005-2015 година.
Ранко Дакиќ е роден во Скопје 1958 година. Завршил училиште за применета уметност во Скопје и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1987 година живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци. Член е на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин). Реализирал повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија.
„Во неговото досегашно творештво – сликарско и скулпторско – не функционира ниту една уметничка формула или „законитост“ (на развој, на стил, на континуитет…), стереотип или поводливост. За него уметноста е вечна борба, постојан судир со себе, психотерапија, самопрогон, некогаш ништавило, но и спас, аждер што бара жртва – ако си подготвен да се жртвуваш! Затоа, можеби, секое негово дело е негова победа над себеси, над „уметноста“, над процесот на создавањето. Секое негово дело е крај на едни мечти и илузии, тегоби и стравови, надежи и очекувања, победи и порази… и почеток на нови, исти такви предизвици коишто, барем досега, Дакиќ мајсторски ги надминувал“ – вели за творештвото на Дакиќ Златко Теодосиевски, кој е и куратор на изложбата.
Настанот е во организација на Музеј на град Скопје и соработка со Н.У.Музеј – Гевгелија, поддржан од Министерство за култура на Р. Северна Македонија. Изложбата ќе биде организирана во согласност со сите актуелни важечки протоколи и мерки за организирање на настани од овој тип.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *