„ЦРНОГОРСКО КИРИЛСКО ПЕЧАТАРСТВО“- ВИЗУЕЛНО ПАТУВАЊЕ НИЗ МАКЕДОНСКО-ЦРНОГОРСКИТЕ РЕЛАЦИИ ВО 15 И 16 ВЕК

Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, присуствуваше на изложбата „Црногорско кирилско печатарство 15 и 16 век“, во организација на Пионерскиот дом- Гевгелија и Матица црногорска. Пред присутните се обрати Мирољуб Орландиќ, повереник на Матица црногорска во Република Македонија, предавајќи ја честа на градоначалникот Поцков да ја прогласи изложбата за отворена, подарувајќи му репринт дизајн и фототипско издание на книга која е отпечатена во 1494 година.

„Наша основна мисија е да ги истражуваме македонско-црногорските историски, книжевни, јазични и духовни врски, па воспоставивме долгогодишна соработка со МАНУ, Филозофскиот и Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик и литература и повеќе библиотека. Покрај институциите, тука се и низа поединци-научници кои ги истражуваат црногорско-македонските релации. Почнувајќи од првиот македонско-црногорски брак кој се случил во далечната 998 година помеѓу кнезот на Црна гора, Владимир и ќерката на Цар Самоил, Косара, преку првата македонска книга „Часословенцка“ која е печатена во првата печатница воопшто во Европа, на Божидар Вуковиќ која, ја наследил македонецот Јаков од Свети Николе, па се до книжарницата на Кара Трифун во Скопје, каде биле дистрибуирани книгите печатени во првата државна печатницата во Европа, „Инкунабули.“, истакна при отворањето Орландиќ.

Во 15 век, рече Орландиќ, Црна Гора е прва држава во Европа која имала своја државна печатница, кој ја купил Иван Црнојевиќ наогајќи свештено лице кое се занимава со букви и страници. Во првиот период, од неа излегле 5 книги во печат. При нападот на Османлиите, печатницата е запалена, но благодарение на Божидар Вуковиќ, кој работел во печатницата, отишол во Венеција и купил нова печатница, работејќи со штампарот Макарие, извадајќи книги со слична или исти книги со верска содржина, на старословенски јазик, со кирилично писмо. По смртта на Божидар, печатницата ја наследил неговиот син, Виченцо, а по неговата смрт, првата македонска книга „Часословенцка“ е печатена во истата печатница, во сопственост на македонецот Јаков од Свети Николе.. Денеска, во Македонија, во институциите и во црквите се чуваат 32 сочувани, оригинални книги, истакна Орландиќ во своето обраќање.

Ликовната уметница, м-р Мирјана Крстева Массетти, вработена во Пионерскиот дом, истакна дека оваа изложба е доказ за добрата соработка помеѓу институцијата со Матица црногорска. Имено, изрази благодарност што еден ваков несекојдневен настан го збогатува културното живеење на општина Гевгелија. Бидејќи, ретко може вака на визуелен начин да се патува низ времето.

Изложбата ќе биде отворена за посета две недели (секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот).
Целта на оваа изложба е да се истакне значењето и важноста на црногорското кирилско печатарство за националната култура, но и влијание што тоа го имаше врз словенскиот свет.
До денеска, во архивите на РС Македонија се откриени и сочувани 33 примероци од книгите печатени во овие печатници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *