Во Штип, од 11 до 18 април 2024 година се одржа Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари за 2024 година. Истиот е во организација на Здружението за култура, уметност и наука УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ Штип, во директна соработка со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.
На овој, петти Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер ,,Сергеј Михајлов” Штип се претставија и учениците по пијано од ООМУ „Васо Карајанов“. Честитки за освоените први награди на Душко Димитров, Дијана Пајдакова, Андреа Узунова и втора награда за Илија Димов во класата на проф. Влатко Сапламаев како и прва награда за Сара Видичек во класата на проф. Костадин Издушнов.