ЧЕСТИТ 10 ЈУНИ, ДЕНОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА АКТИВНО СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПСИХО-СОЦИЈАЛНАТА ПОДДРШКА НА ПОЕДИНЕЦОТ И СЕМЕЈСТВОТО.

Промоцијата на социјалната работа е клучна за секоја држава, но и голем императив за социјалните работници. Преку вклучувањето на социјалните работници во различни подрачја на делување се овозможува навремено идентификување на социјалните потреби и проблеми на граѓаните, нивна социјална превенција, заштита на човековите права, како и развивање на нивните потенцијали за активно вклучување во подобрување на квалитетот на живот,
Исто така, имајќи го во предвид предизвикот со кој се соочува светот,поради Ковид-19, мора да укажеме на неколку важни работи:
Социјалната работа како помагателна професија игра многу важна улога во справувањето со последиците од епидемијата на коронавирусот.
Социјалните работници од општина Гевгелија, како впрочем и од цела Македонија, треба да имаат советодавната, емоционалната и психо-социјална поддршка на поединецот и неговото семејство за зачувување на благосостојбата во време на криза, што е една од нивните главни задачи.
Стравот, вознемиреноста и стресот стануваат секојдневие и тие треба да им помогнат на клиентите да се справат со овие чувства.
Истовремено, социјалните работници активно се вклучени, во содејство со општинските органи, во непосредната практична помош на најранливите и најзасегнати граѓани. Се лоцираат, заедно со општина Гевгелија поединците и семејствата кои живеат сами, или се во (само)изолација. Се идентификуваат постарите лица и лица со физичка попреченост на кои им е потребна секојдневна логистичка помош.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *