Смоквата е препознатлив гевгелиски бренд, но и овошје чиј плод е многу здрав. Свежите смокви се богати со хранливи материи и релативно нискокалорични, што ги прави одлична состојка во здравата исхрана.
Една свежа смоква содржи 30 калории, 8 грама јаглени хидрати и 1 грам влакна. Смоквите се богати со минерали како што се бакар, магнезиум, калиум, како и витамини Б1, Б2, Б6 и витамин К
Но не треба да заборавиме дека и листот од ова овошје, исто така може да има многу придобивки за вашето здравје . Листовите од смокви може да се користат за правење чај, кој многумина го нарекуваат еликсир на животот бидејќи е богат со антиоксиданси и растителни влакна, а содржи витамини А, Б1 и Б2 како минерали калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.
Особено ако имате проблеми со бронхитис, дијабетес, висок крвен притисок или чир на желудник, направете го овој едноставен и моќен пијалок. Чајот од лисја од смокви помага да се намали високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, со што се обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови.
Десет причини зошто треба да пиете чај од лисја од смокви
– го регулира нивото на шеќер во крвта
– го стабилизира крвниот притисок
– ги намалува триглицеридите
– ги зајакнува коските
– помага при заболувања на кожата
– помага при анемија
– ги ублажува болките од чир на желудникот
– спречува запек
– го зајакнува здравјето на срцето и крвните садови
– помага при афти