БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2022 ТЕЖИ 468,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.

Советот на Општина Гевгелија на вчерашната седница го усвои Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Вкупниот Буџет на Општина Гевгелија за идната година е проектиран на 468.526.016 денари, а Основниот буџет на 214.802.359 денари. Покрај приходите на Основниот буџет, во структурата на Вкупниот буџет се приходите на дотации во износ од 226.832.932 денари, на донации од 7.460.161 денар и на приходите на самофинансирачките активности во износ од 19.430.564 денари. За капитални расходи во Основниот буџет се предвидени 66.842.663 денари или 31.13%.


           Ваквата буџетска рамка ја доби поддршката од 18 советника, а само еден беше воздржан. Во обемната расправа, од страна на советничките групи, кои партиципираат во Советот на Општина Гевгелија беа поднесени 5 амандмана, а беа прифатени 2 амандмана од страна на Градоначалникот и потврдени од мнозинството членови на Советот на Општината. Станува збор за амандманите за обезбедување буџетски средства за стипендирање на студенти во прва година на Електротехничкиот и на Машинскиот факултет, како и за субвенционирање при купувањето на велосипеди. Притоа, беше нагласено дека и двата предлога, по доработката, како конкретни одлуки ќе се најдат на дневен ред на Советот веќе на наредната седница.

           Дел од дадените предлози во јавната расправа се вградени во усвоениот Буџет на Општина Гевгелија во 2022 година, вели градоначалникот Сарамандов и нагласува дека 31% од Основниот буџет ќе бидат наменети за капитални расходи што ја потврдува неговата развојна компонента.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *