БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ГЕВГЕЛИЈА Е ПОД СТО СЛУЧАИ

ПОЛЕКА СТИВНУВА ЕПИДЕМИЈАТА НА ГРИП
 
Во Гевгелија, според информациите на др. Сашко Олумчев, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Гевгелија, бројот на пријавени случаи на заболени од грип е под сто пациенти. Тој очекува овогодишната епидемија на грип да почне да стивнува во текот на втората половина на месец февруари.
 
Во текот на 5-та недела од 2024 година (29.01-04.02.2024), во Република Северна Македонија се пријавени 1.675 (I=91,2/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип или 9,9% помалку во споредба со претходната недела (n=1.834)
 
Во текот на 5-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 57 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 15 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *