Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Општина Гевгелија, бројот на склучените бракови во 2023 година, исто така е намален во споредба со 2022 година. Така во 2023 година бројот на склучени бракови изнесувал 99, додека во 2022 година тој број бил 109 .