Анестис Мавроматис Парадис „Comic Glitch Project“, самоук уметник, а дипломиран филозоф, роден во Солун, живее и работи во Мадрид. Наградуван во областа на цртеж и илустрација. Сака да црта дворски шутови, гротексни демони, гноми, жаби и печурки.
Со изложбата „Одвиткување“ се претстави македонската уметница Илина Ѓорѓиевска. „Одвиткување“ е самостојна изложба на колажи. Секој колаж е едно патување – од хаос до ред, или од ред до хаос.
Со графики се претстави Андреј Јулхер од Србија.
„БОШ 16“ заврши со изложбата „По текот на Сува Река“ на уметниците Иван Ивановски и Дамјан Ѓуров, а ќе биде отворена во Амамот.
Текот на животот ја резба земјата по патеките на нашите минувања. Скулптурите на оваа изложба се остатоци од овие движења, зацврстени во метал, измазнети во камен. Потоа следуваа диџеј сетови на Мартчин и Маги во Кафе бар „У“, а забавата заврши со техно и хаус музика.