БОРИС ПЕТРОВ, ЃОРГЕ РИЗОВ, ПОЖАРНИКАРИТЕ КИРИЛ КАЛИНОВ, ДИМИТАР ЃОРГИЕВ, ГОРАН МИТКОВ, ДЕЈАН ИВАНОВ И ФОНДАЦИЈАТА „ИЦЕ БЕГОВ“ ДОБИЈА БЛАГОДАРНИЦИ ПО ПОВОД 7-МИ НОЕМВРИ

На Свечената седница на Советот на Општина Гевгелија, одржана по повод општинскиот празник 7-ми Ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија, градоначалникот Андон Сарамандов додели Благодарници на истакнати поединци и институции кои со својата активност значително придонесоа за афирмација на општината.
Благодарници добија:
 
Академскиот сликар, Борис Петров, еден од најстарите и најрепрезентативни претставници на гевгеклиската ликовна школа.Тој важи за мајстор на македонскиот топол колорит, создава дела инспирирани од поднебјето под кое живее и твори.
 
Четворица гевгелиски пожарникари, Кирил Калинов, Димитар Ѓоргиев, Горан Митков и Дејан Иванов, беа дел од македонската спасувачка мисија, која веднаш по катастрофалниот земјотрес во Турција, замина да им помогнат на настраданите граѓани во турскиот град Адијаман.
 
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија, која со спроведените хуманитарни и донаторски акции, спроведените крводарителски акции, како и воведувањето на услугите Лична асистенција на лица со попреченост и Секое дете со својата автентичност, ја покажа моќта на своето постоење.
 
Фондацијата „Ице Бегов“, која од своето формирање има хумана цел, да дава поддршка и помош, преку собирање средства за социјално загрозени категории на лица и семејства, маргинализирани групи, ранливи категории на граѓани, како и лица со попреченост. Тие донираа на Општина гевгелија, специјално возило со пристапна рампа, музичка опрема на учениците на курсот по гитара во Домот на културата и беа коорганизатори на трката „Run Together“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *