БОГДАНЦИ ЌЕ ДОБИЕ МУРАЛ СО РАСТЕНИЕТО „МЕУРЕСТ КОЗИНЕЦ“, КОЕ РАСТЕ САМО ВО ОВАА ОПШТИНА

Во Богданци, во градскиот парк започна цртањето на ѕиден мурал кој го изработуваат уметниците Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“. Муралот се изработува во чест на 17 Мај – Меѓународниот ден на растенијата како дел од активностите за промовирање на Богданци како значајно подрачје за диворастечки растенија и единствено место во Македонија каде вирее Меурестиот козинаец. Постојат растенија кои се развиваат на само мал број локации или само на една. Таквите се викаат ендемични видови. Се работи за таканаречениот меурест козинец кој расте во јужниот дел, односно во близина на Богданци.
 
На муралот е претставено растението Меурест козинец (Astragalus physocalyx), кој се наоѓа на Националната црвена листа на Република Македонија со статус „критично загрозен“ вид. Ова ретко растение се набљудува редовно изминатите четири години со цел да се дознае повеќе за неговата екологија и биологија, како и бројноста и стабилноста на неговата популација. Редовниот мониторинг го вршат ПОЛИМАТ 13 во соработка со Македонското еколошко друштво.
 
Проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“ го спроведуваат Македонското еколошко друштво и ПОЛИМАТ 13, со финансиска поддршка од Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *