БОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ (TASTE THE SOUTH)

На 13-ти, 14-ти и 15-ти Септември на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов ќе се оддржи второто издание на фестивалот “Вкуси го југот- Taste The South” во Гевгелија.
На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, Зијан, групата „Гевгелиски мелос“, учениците- членови на Школата за тапани, под менторство на Момчило Моки Делев, Концертот на „Калинка 2024 година“, Танцовото студио „Мистик“, учесниците на „ЕвроПорта Фест,“Ансамблот „Бојмија“,Мартин Костадинов и неговиот бенд, Трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија, КУД „Танец“ од Миравци, Културно-уметничките друштва „Браќа Толеви“ од Прдејци и „Негорци“- Негорци, ќе ги видиме и слушаме : – Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс(СТУДЕНИ Нозе), а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Малзарков Диверзија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *