БЕСПЛАТНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИ ОРА И ПЕСНИ
Етнокореолошката дејност при ЈОУ Дом на култура „Македонија“ започнува со бесплатни работилници од областа на традиционалната култура (игра и песна). Сите заинтересирани, ентузијасти, вљубеници во фолклорот, спортисти, рекреативци, пензионери, сите сте добредојдени од овој петок 23.02 2024 во просториите на домот (Народен театар). Работилниците ќе се одржуваат секој петок со почеток од 19.00 часот. Потребна опрема: тренерки, блуза (бела или црна), полесни патики. Работилниците ќе ги води етнокореологот м-р Силвестер Проле!