AВТОБУС СО ПАТНИЦИ КОИ СЕ ВРАТИЛЕ ОД ХАЛКИДИКИ СТАВЕН ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ПАЦИЕНТ СОМНИТЕЛЕН НА КОВИД-19

Автобус со патници кои во понеделникот се вратиле од летување на Халкидики, Грција е ставен во изолација поради пациент сомнителен за ковид-19. Досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран, пишува порталот sdk.mk
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вели дека во моментов се прави епидемиолошка анкета на сите патници.
„Автобусот со туристи од Грција е пристигнат на 20 јули. Во истиот имало мешана структура, и возрасни и деца. До овој момент, со решение на ДСЗИ на домашно лекување и самоизолација се ставени 4 лица, еден е со симптоми и ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден. Во тек е епидемиолошка анкета на контактите, по што, по известување на Центарот за јавно здравје, ДСЗИ ќе издаде решенија за домашна самоизолација и медицински надзор на контактите“, вели Сотирова-Бухова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *