И оваа година Стојаково живееше во знакот на традиционалните „Првомајски трки“ , спортските натпреварувања и забавната програма, а по повод 1 мај-Денот на трудот.
На атлетските трки, во машка и женска конкуренција, настапија членови на АК „7-ми Ноември“. Така во трката на 3.000 метри првото место го освои Насе Епов, додека втор беше Тоше Анчев.
Кимо Арнаудов на истата патека беше петти, додека Валентин Михајлов стигна трет.На 1.500 метри во женска конкуренција, третото место го освои Хана Климкарова, која пак беше прва на 100 метри. Втора на оваа трка беше Мими Бичанин. Дарјан Јаневски, во конкуренција на деца до 7 години, на 100 метри го освои првото место.