АПРИЛ НАЈТОПОЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ. ВО ГЕВГЕЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 30,7 СТЕПЕНИ
Оваа година месец Април беше еден од најтоплите во последните 30 години, додека максималната температјура од 30,7 степени беше измерена во Гевгелија, информираа од УХМР.
Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија.
„Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран.
Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава.