АПЕЛ ОД ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА.

ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона, којашто започна од 15 октомври. Се апелира до граѓаните за преземање соодветни мерки и активности: – да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи; – пепелта од грејните тела да не се фрла во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини; – да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи; – да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите. Како и да се избегнува преоптовареноста на електричните инсталации, премостување на осигурувачи и да се внимава на кратки споеви и електрично искрење; – редовно да се контролира исправноста на хидрантите, да се одржуваат противпожарните апарати и врши примена на другите мерки за заштита од пожари во институциите, како: училишта, болница, градинки, спортски сали, индустриски и станбени објекти; – да се одржува проодноста до станбените згради и проодноста на скалите за брза интервенција на ТППЕ- Гевгелија доколку има потреба.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *