„Старото е ново“ докажа 51. издание на фестивалот Илинденски денови кој свечено се затвара на 30 јули.
Во изминатите десеттина денови, гости од САД, Русија, Грција, Хрватска, Албанија и Македонија го донесоа националниот фолклор низ улиците на Битола, под светлата на фестивалските сцени кои годинава имаше и на стари и познати, но и на некои сосем нови локации.
На Вечерта на традиционална музика и игра, настапи и Ансамблот Бојмија, кој продожува со своите активности достојно го репрезентира македонскиот фолклор и фолклорот од регионот Бојмија.
Ансамблот се претстави со Русалиски игри и песни карактристични за селата Петрово и Миравци, а вокално инструменталниот состав на Ансамблот ги изведе песните Киниса да ода, Излегу да се мамо рашета и Ка ми испаднала мома Катерина .
На оваа вечер на Вечер на Ракометното игралиште Битола, настапија уште и Куд Дримкол Вевчани, Ансамбл „Ќустек“ Скопје, Dance Plus Folk, Elbasan, Albania, КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод, Hellenic Centre for Folklore Studies ELKELAM, Athens, Greece, .ФА„Тиквеш“ Кавадарци, КУД „Дуле Милосавлјевиќ“ Чачак, Србија.КУД „Цветови“ с. Дедино, Радовиш, АФ „Гоце Делчев“ Битола и Siberian Folk Dance Ensemble Razdolie, Siberian Federal University, Krasnoyarsk, Russia