АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ТУРНЕЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА. ВЧЕРА НАСТАПИЈА ВО БРЧКО, УТРЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО НЕУМ

Еден од најдобрите репрезенти на гевгелиската и македонска традиционална музика и обичаи, Ансамблот за традиционална музика и игра “Бојмија” од Гевгелија се наоѓа на турнеја во Република Босна и Херцеговина. Тие вчера, на 19 август имаа целовечерен концерт во Брчко, како гости на Здружението на Македонци во Брчко „Македонац Вардар“, каде собраа многу симпатии и аплаузи за својот настап.
Утре, членовите на „Бојмија“ ќе земата учество на 13-та вечер на Хрватскиот фолклор „Ој камене, роден мој“, кој ќе се одржи на плажата на хотелот „Зенит“ во Неум.
Освен „Бојмија“, кој се претставници на Македонија, на овој фестивал ќе настапат културно-уметнички друштва и ансамбли од Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *