АНИТА ЈОВАНОВА:„ОБУКАТА ЗА ПРУЖАЊЕ ПСИХОЛОШКА ПОМОШ ВО ИТНИ СИТУАЦИИ ЗА МЕНЕ Е ИСКУСТВО ПОВЕЌЕ ЗА ПОЛЕСНО МЕНАЏИРАЊЕ НА СТРЕСОТ“
Во периодoт од 03 – 06 Октомври 2021, Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина организираше тренинг за вработени и волонтери –психолози, терапевти, социјални работници, доктори по општа медицина и останати медицински лица за пружање на прва психолошка помош во итни и хуманитарни ситуации и мирнодопски услови.
Психосоцијалната поддршка која се базира на заедниците вклучува прва психолошка прва помош, групи за поддршка, воспоставување на безбедни и пријателски простори за деца, едукација за реакции и механизми на справување со загуби и стресни ситуации, подигнување на свеста во заедницата и грижа за волонтерите и вработените во кризни и мирнодопски услови.
Овие тренинзи се дел од стратегијата на Црвениот крст на РСМ за фасцилитирање и зајакнување на природната резилиентност на луѓето на индивидуално и колективно ниво, а се составен дел од моделот за психо-социјална поддршка кој Црвениот крст планира да го воспостави на сите нивоа и активности во националното друштво. Во изминатата година се спроведоа онлајн едукации од областа на ППП и ПСП, а со цел поддршка на волонтери на вакциналните пунктови.
На тренингот учествуваше и претставник од Општинската организација на Црвен крст Гевгелија, Анита Јованова. За ТВ Нова 12 таа ни изјави:
„Оваа обука за мене претставува едно прекрасно искуство, бидејќи низ креативни вежби и бура на идеи ни беа доловени кризни ситуации, во кои се разви интерактивен пристап и чувство на сплотеност со групата. Ме насочи на: Пристап за полесно менаџирање со стресот-да гледаме на стресот како “Начин на зачин во животот”, зајакнување на капацитетите за пружење Прва психолошка помош во кризни ситуации, проценувајќи кому му е најнеопходно и зголемување на вештините за Психосоцијална поддршка со цел поединците и заедницата да ги зацелат психолошките трауми и обноват социјалните структури после кризен настан. Обуката ни пружи размена на искуства со други општински организации на Црвен крст, сублимација на заеднички идеи и продолжена,продлабочена натамошна соработка.“



Прегледи: 171