АНДОН САРАМАНДОВ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА:„ЈАС И МОЈОТ ТИМ СЕ ОБВРЗУВАМЕ ДЕКА НАПОРНО ЌЕ РАБОТИМЕ ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА“

Според неофицијалниот извештај на Државната изборна комисија, соопштен на вечерашната прес конференција, после преброените гласови од сите 37 гласачки места во Општина Гевгелија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија, Андон Сарамандов освои 7564 гласови, или 56,88 отсто од излезените гласачи, додека кандидатот на СДСМ и коалицијата Најдобро за мојата општина, Сашо Поцков освои 5130 гласови, или 38,68 отсто од излезените гласачи.
Од вкупно запишани 19,076 запишани избирачи, на денешниот втор круг на локалните избори за Градоначалник на Општина Гевгелија вкупно излегле 12,694 избирачи, или 67,31 отсто.
Во својата прва изјава по победата, за ТВ Нова 12, новиот градоначалник изјави:
„Огромна благодарност на моите сограѓани за големата подршка што ми ја дадоа на овие локални избори. Денес, гевгелија покажа дека е проевропски ориентиран град, изборниот ден помина без никаков инцидент и во една мирна атмосфера.
Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме дека по оваа победа изразена со преку 2400 гласови предност, напорно ќе работиме за доброто на сите граѓани на општина Гевгелија“
May be an image of 3 people and people standing
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *