АНДОН САРАМАНДОВ:ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ФОРМИРА ПОСЕБНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ КОЈ Е ОД ПРИОРИТЕТНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОВОЈ РЕГИОН

Развојот на туризмот во oпштина Гевгелија, имајќи ги предвид компаративните предности, е од приоритетно значење. Особено, во услови кога туризмот во општината поради пандемијата трпи најголеми штети. Оттука и потребата за изнаоѓање на алтернативни форми на туризмот. Ова беше констатирано на денешната средба на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов со директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.
Агенцијата за промоција на туризмот ќе ги поддржи сите активности на Општина Гевгелија кои овозможуваат поголема искористеност на туристичките погодности во ова поднебје, истакна директорот Љупчо Јаневски, притоа најавувајќи во најскоро време организирање на една средба со туристичките компании и организации во општина Гевгелија. Се со цел директно да се запознаеме со проблемите и можностите за нивно надминување, како и обезбедување на потребната поддршка, согласно можностите на Агенцијата, нагласи Јаневски.
Според градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, туризмот во општина Гевгелија за време на пандемијата претрпе најголеми штети поради зависноста од меѓуграничниот протек. Затоа, покрај настојувањата за ублажување на последиците од пандемијата, мораме паралелно да размислуваме за поголема искористеност на компаративните предности на поднебјето. Пред се, преку промоција и создавање на услови за развој на алтернативните форми на туризам, особено, ако се имаат предвид неискористените потенцијали на Кожув Планина, руралниот и бањскиот туризам. Со заживување на повеќе туристички гранки, секако, ќе се обезбедат и повеќе повратни бенефити, истакна на средбата градоначалникот Андон Сарамандов. Притоа, најави поголема ангажираност на Општината, како и формирање на посебно Одделение за туризмот кое ќе придонесе кон обезбедувањето на поповолни услови во општината за развој на оваа значајна туристичка гранка.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *