АМЕРИКАНСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ЛЕКОВИ ГИ ПРЕДУПРЕДУВА ЛУЃЕТО ДА НЕ ГО ЗЕМААТ ВЕТЕРИНАРНИОТ ЛЕК „ИВЕРМЕКТИН“ КАКО ЛЕК ЗА КОВИД-19
Американската администрација за храна и лекови ги повика луѓето да престанат да земаат ветеринарни лекови за лекување или спречување на „Ковид-19“, откако добиле повеќе извештаи за пациенти кои биле хоспитализирани по „само-лекување со ивермектин наменет за коњи“, според федералната агенција.
“Вие не сте коњ. Вие не сте крава. Сериозно. Престанете”, објави ФДА на својот профил на Твитер во саботата, заедно со детали зошто лекот може да биде небезбеден за луѓето.
Ивермектин, кој не е антивирусен лек, генерално се користи за лекување или спречување на паразити кај животните.
„Овие лекови за животни честопати се високо концентрирани затоа што се користат за големи животни како коњи и крави, кои можат да тежат многу повеќе од човекот“, стои во предупредувањето на FDA. „Ваквите високи дози можат да бидат многу токсични за луѓето.
Пациентите кои ќе се предозираат со ивермектин може да доживеат гадење, повраќање, дијареа, низок крвен притисок, алергиски реакции, вртоглавица, проблеми со рамнотежата, напади, кома, па дури и смрт, објаснува ФДА.