АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ НАЈДОБАР НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ТЕНИС ДО 12 ГОДИНИ

Тениската Федерација на Македонија, изминатиот викенд го организираше Отвореното Првенство на Македонија во конкуренција на Јуниори и Јуниорки до 12 години, кое се одржа во организација на ТК Борец-Велес, во период од 07 до 09 Мај 2022 година.
Гевгелискиот млад тенисер Александар Грујиќ, кој воедно беше и носител на една од групите, го освои првото место во конкуренција на 32 играчи. Тој во финалето го совлада Алексеј Стојановски од Куманово со 2-1 во сетови. Со ова, продолжуваат одличните резултати на овој наш тенисер кој многумина го нарекуваат и „ малиот Ѓоковиќ“ од Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *