АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ И МАРКО АЛЕКСОВСКИ ПОБЕДНИЦИ ВО У-14 ТЕНИСКИ ДВОЈКИ НА ЕВРОПСКИОТ ЈУНИОРСКИ ШАМПИОНАТ ВО ЧЕШКА
Гевгеличанецот Александар Грујиќ, еден од најдобрите македонски млади тенисери, учествуваше од 9 до 15 септември на Европскиот јуниорски шампионат У-14, кој се одржа во Чешка , во градот Мост а во организација на Тенискиот клуб Мост.
Овој млад и надежен тенисер и овој пат, како и многу пати до сега, од турнирот се враќа со освоено прво место во играта на двојки, заедно со својот партнер Марко Алексовски.
Александар, со 210 поени се наоѓа на 205-то место на официјалната ранг листа на У-14 играчи на „Tenis Europe“.