АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО НАРЕДИ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА НЕКОИ ПОПУЛАРНИ МАРКИ СЛАДОЛЕДИ.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат: Сладолед KIT KAT Потекло : Франција, Сладолед Милка Ванила и Чоколадо стапче
Потекло Полска и Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник Потекло : Полска
Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.
Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *