8 МАЈ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНЕС МЛАДИТЕ ВОЛОНТЕРИ ПРИ ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СО УЧЕСТВО ВО „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Како што ни изјави Милчо Јовановски од Клубот на млади од гевгелискиот Црвен крст, акцентот на активностите изминатата, но и во оваа година е ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, организирање на крводарителни акции и учество во вакви еколошки акции, како што беше оваа денешнава насловена како „Генералка викенд“
Вработените лица и повеќе од 13 милиони волонтери на Црвениот крст и Црвена полумесечина низ целиот свет помагаат на повеќе од 160 милиони лица секоја година обезбедувајќи различни и иновативни непристрасни услуги. Нивниот пристап е универзален, и се темели на основните принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство и универзалност.

Инаку, Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 Мај, е роденден на основач Анри Динан, и тој ден претставува годишно одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секоја година, Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина организираат низа активности за промовирање на посебната улога на Движењето во своите земји каде ги решаваат хуманитарните предизвици, не оставајќи никој зад себе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *