85 УЧЕНИЦИ ОД СОУ „БОГДАНЦИ“ ОД ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА, ПРОФИЛ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ЈА ЗАПОЧНАА ФЕРИЈАЛНАТА ПРАКТИЧНА НАСТАВА
Започна реализацијата на феријална/практична настава на вкупно 85 ученици запишани во прва, втора и трета година во здравствената струка, профил медицинска сестра во СОУ „БОГДАНЦИ“. Учениците наставата ќе ја реализираат во сите здравствени институции со кои училиштето има склучено меморандуми за соработка и истите директно придонесуваат за едукација на квалитетен медицински кадар, а со тоа и на здравствените услуги во иднина!
Воедно голема благодарност до нив и медицинскиот персонал на поддршката и можноста учениците да ги стекнат соодветните вештини.