83 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ – ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БОРЦИ ЗА САМОБИТНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Димитрије Димов Чуповски роден е на 18 ноември 1878 година како посмртче во селото Папрадиште. По смртта на татко му селото било опожарено а тој со останатите деца мајка им ги пренела во Крушево, каде го научил молерскиот занает.
Димитрија Чуповски е еден од најистакнатите претставници на македонската национална мисла. Своето образование го започнал во Софија каде што соработувал со Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните македонски преродбеници. Тој е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ. 

Од 1898 година, па сè до крајот на својот живот, живеел во Русија. Целиот свој живот Чуповски го посветил на македонската национална кауза, воден од идеите за независност на Македонија
Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации. Починал во Ленинград (сега Санкт Петербург), во 1940, а неговите посмртни останки во Македонија се пренесени во 1991.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *