80 ГОДИНИ ОД 11 ОКТОМВРИ 1941 – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО АНТИФАШИСТИЧКО ВОСТАНИЕ

Република Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.
Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот.
На овој дел од програмата по повод 8 децении од Денот на народното востание свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна од 1941-1945, д-р Никола Стојановски, и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.
Празничната програма потоа ќе продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година.
Во понеделник, по повод празникот 11 Октомври, Денот на народната борба против фашизмот, Општинската организација на Сојузот на борците од Гевгелија и граѓаните подржувачи, организира полагање цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од Гевгелија и Гевгелиско.
Полагањето ќе биде во 11 часот со придржување на здравствените прописи од Министерството за здравство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *