8 СЕПТЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ПИСМЕНОСТА.„ПИСМЕНОСТА Е МОСТОТ ОД БЕДАТА ДО НАДЕЖТА“

Најмалку 862 милиони луѓе во светот се неписмени, покажуваат податоците објавени по повод 8 септември, ден на писменоста.
Според податоците на УНЕСКО и други меѓународни организации, од вкупниот број неписмени во светот, две третини се жени, а 113 милиони се деца.
Колку страшен податок, особено кога ке се земе во предвид фактот дека има многу професори кои седат без работа или работат нешто сосема друго, а и моментот дека милион други фактори влијаат за тоа дали некој ке си го прати детето на училиште- традиција, убедувања, финансиски момент, географска местоположба. Колку би било убаво кога сите би имале исто право и исти можности да учат, ако ништо друго да ја добијат основата- читање и пишување
Меѓународниот ден на писменоста 2021 година се одбележува под темата „Писменоста е во центарот на закрепнувањето на човекот, стеснување на дигиталниот јаз.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *