70 ГОДИНИ ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА

20 МАЈ, ДЕН НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
 
Во Гевгелија, организираните облици за заштита од пожари започнуваат во 1933 година кога е формирано Доброволно противпожарно друштво кое броело околу 30 членови, претежно занаетчии. Еден од погопемите пожари од тоа време во чие гаснење учествувало Доброволното противпожарно друштво бил пожарот на куќата на браќата Киро и Спасо Вегови, и помали пожари кои се јавувале во тогашната Свилара и Монополот.
 
Во периодот помеѓу двете светски војни, во Доброволното противпожарно друштво членувале, меѓу другите, и Киро Арнаудов, Ристо Стиков, Јован Поп Петров, Миљо Делимитов, Зафир Јованов, Зафир Наков, Томе Андреев, Горги Гацев, Горге Аризанов, Кочо Мамков, Шпиро Андонов, Миљо Камберов, Аргир Куртелов, Дељо Чугунцалиев, Вангел Пајдаков, Аргир Тодоров и други.
 
Првата професионална противпожарна единица во Гевгелија е формирана на 1 јануари 1954 година со одлука на Општинското собрание, кога е и назначен првиот командир Санде Ќорнаков. Во периодот 1954/1955 година изграден е и првиот противпожарен дом во Гевгелија, со површина од околу 200 метри квадратни и се наоѓал на местото на денешниот хотел „Аполонија“. Домот, кој имал библиотека, канцеларија, магацин и сала за игранки постоел до 1989 година кога истиот бил срушен заради изградба на хотел „Југо“
 
Од 1937 до 1953 година за гаснење на пожари се користело возило марка Шевролет. Првото противпожарно возило е набавено во 1953 година и било марка Бетворд. На него била монтирана цистерна за вода во фабриката Благој Давков во Скопје а прв возач бил Ило Узунов.
Почетоците на организираното противпожарство на територијата на Република Македонија датираат уште од првата половина на XVIII век. 
 
По катастрофалниот пожар на Битолската чаршија, со Повелба од румелискиот валија, за време на владеењето на турскиот султан Махмуд III, на 20 Мај 1836 година, во Македонија се формираат платени служби за гаснење на пожари. Тогашната противпожарна единица имала 15 вработени пожарникари од кои еден муслиман (шеф – хаџи) и 14 македонци, луѓе од рајата. Оваа ППЕ била снабдена со една противпожарна пумпа.
Оваа територијална противпожарна единица е најстара во Р.Македонија и Балканот.
 
Овој ден – 20 мај, по предлог на Противпожарниот сојуз на Македонија, денес се празнува како ден на пожарникарството во Македонија. Од 01.07.2005 година, со одлука на Собранието на Република Македонија и со Законот за пожарникарство сите Територијални Професионални Противпожарни Единици поминуват под ингиренција на локалните самоуправи.
На овој ден изразуваме благодарност и на гевгелиските пожарникари кои имаат голема улога во локализирањето на огнените стихии на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *