70 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ – „Тетовирани души“
 
На 27 април 1952 година е роден еден од најголемите македонски драмски пистатели, Горан Стефановски. еден од најдобрите драматурзи во историјата на Република Македонија, човек кој и ден денес го цитираме и постојано се навраќаме на неговите мисли. Зарем има човек во Македонија кој во најмала рака не чул за „Диво месо“ или „Лет во место“? А можеме и со часови да зборуваме за другите драми како „Дупло дно“, „Демонот од Дебар маало“, „Тетовирани души“, „Хај-фај“, итн.
 
Тој е автор и на детската серија „Бушава азбука“, серија со која пораснаа многу, многу генерацииУметноста отсекогаш била дел од оваа фамилија, бидејќи нивниот татко Мирко бил театарски режисер, а мајка им Нада, актерка.
Покрај театарот, Стефановски беше вљубеник и во англискиот јазик и во британската култура. Предавал англиска литература, со особен акцент на неговиот омилен Шекспир. Се истакнува и со своите драми, кои секогаш се трагични, парадоксални, а во голема доза и сатирични.
 
Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната реалност во Македонија. Делата на Стефановски се изведувани на сите македонски сцени, во сите некогашни југословенски културни центри, како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва Во март во МНТ беше поставена претставата „За нашиот Горан“, а во Драмскиот театар се изведува „Моето име е Горан Стефановски“.
 
Стефановски почина во 2018 година, во Кантербери, Велика Британија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *