31 ОКТОМВРИ-СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО

МАКЕДОНЕЦОТ ВО ПРОСЕК ИМА ЗАШТЕДА ОД ОКОЛУ 2.000 ЕВРА!
 
Светскиот ден на штедењето е основан на 31-ви октомври 1924-та година во Милано, на првиот Меѓународен конгрес на штедачите.
Претставници на светските штедни институции се состанале на тој ден со надеж дека ќе пронајдат излез од кризата која настанала како последица од Првата светска војна.
Тие ја истакнале важноста на штедењето за поединци, но и за развој на целото човештво, важноста во борбата против секој вид на расипништво, како и колку е важна финансиската едукација во училиштата.
 
Благодарејќи на иницијативата која стартуваше на 31-ви октомври 1924-та беше основан Меѓународниот институт за штедење во кој денеска има преку 940 банки и штедилници ширум светот.
Македонските граѓани во банките низ земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголем дел од депозитите се однесуваат на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.
Податоците на Народната банка (НБРСМ) покажуваат дека граѓаните во банките имаат 278,469 милиони денари од кои 145,806 милиони во денари и 132,663 милиони во странска валута.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *