30 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈНИК САШКО ГЕШОВСКИ ВО СПЛИТ

Поминаа триесет години од убиството на македонскиот војник, Сашко Гешовски, кој беше застрелан во немирите кои избија за време на демонстрациите против присуството на Југословенската народна армија (ЈНА) во Сплит во 1991 година, сторителот на неговото убиство и натаму не е познат, а аргументацијата за тоа која страна пукала во овој 19-годишен војник, траат и денес.
Во Хрватска, 6 мај 1991 година, се памети како ден кога започнаа демонстрациите во Сплит против ЈНА, која стануваше сè помалку неутрална во конфликтот кој тлееше помеѓу Хрватите и Србите.
Но, во една друга поранешна југословенска република, денешна Македонија, тој ден беше ден на жалост, затоа што беше убиен војник на ЈНА – Македонец.
Сашко Гешовски, 19-годишен војник од Кавадарци, беше убиен додека стражареше пред командата на Военопоморската област (ВПО) во Сплит, за време на демонстрациите против присуството на ЈНА. Во немирите кои избија, беше ранет уште еден Македонец, регрут на ЈНА, Тони Стојчев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *