29 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА 12

На 8 мај 1992-ра година започна со работа првата приватна телевизиска станица во Гевгелија, и една од првите приватни телевизии во Македонија – Канал 12 која што емитираше програма на 12-ти канал .

Во 2004-та година, Канал 12 прерасна во ТВ НОВА 12 која денес е единствена локална телевизија во Општина Гевгелија
Зад овој проект стои името на Ѓорѓи Џундов, електроничар, некогашен диск џокеј, музичар и организатор на забави.
Низ оваа телевизија, со текот на годините поминале многу гевгеличанки и гевгеличани, како новинари, водители и соработници, кои со своите емисии оставиле свој неизбришлив печат како во телевизиската програма така и кај гледачите од општините Гевгелија, Богданци и Валандово.
Цели 29 години, ТВ Нова 12 е во служба на професионалниот пристап кон локалните настани и проблеми во општина Гевгелија и пошироко, докажувајки со својата работа дека на Општина Гевгелија и е потребна локална телевизија.
Ви благодариме на сите што ни го честитавте ова речиси три децениско постоење на нашата и ваша ТВ Нова 12, со што ни дадовте уште поголем елан, и во иднина да продолжиме да работиме за Вас, и во овие тешки времиња за локалните и регионални телевизии, да опстоиме како медиум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *