Денот на рударите во Македонија е празник на македонските рудари, во спомен на Штрајкот на рударите од Рудникот Лојане, Кумановско во 1929 година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. На овој ден во сите македонски рудници се организираат прослави и свечености. Заштитничка на рударите е Пресвета Богородица, која се слави на истиот ден – Голема Богородица
Рударството во Македонија учествува со еден отсто во БДП, а околу 9,5-10 отсто во индустриското производство. Вкупниот извоз од рудниците на обоени метали е околу 160 милиони долари, а увозот е околу 60 милиони долари.