27 МАЈ 1903, ВО СОЛУН ЗАПОЧНАЛО СУДЕЊЕТО ПРОТИВ ПРЕЖИВЕАНИТЕ ЧЕТВОРИЦА СОЛУНСКИ АТЕНТАТОРИ

Нецел месец по бомбашките напади, кои беа со цел да се сврти вниманието на Европа кон Македонија, познати како Солунски атентати, на 27 мај 1903 година во Солун започнал судскиот процес против преживеаните учесници во атентатите што го потресоа Солун, Империјата и Европа.
 
Турската власт формирала специјален воен суд, кој им изрекол пресуда на околу 300 лица. Четворицата атентатори што биле фатени: Павел Шатев, Марко Бошњаков, Георги Богданов и Милан Арсов, биле осудени на смрт. За 266 лица судот се искажал дека не е компетентен да им суди и биле ослободени, еден дел бил осуден на затвор од пет до сто и една година.
 
Смртната казна на четворицата атентатори им била заменета со доживотен затвор. По неколку месеци затворениците биле испратени на робија во разни затвори во Азија и во Африка, каде што Марко Бошњаков и Милан Арсов умреле, а Павел Шатев и Георги Богданов биле амнестирани и ослободени во Хуриетот во 1908 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *