Во Скопје, на 13 август 2001 година бил потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери – на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.
Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметаат договорот за насилно изнуден и неприфатлив.
Рамковниот договор донесе мир, поправична застапеност на албанската заедница во општествениот животот, но животот на граѓаните и натаму остана тежок. 23 година по неговото потпишување, соживот, каков таков има, ама пари и правда се чини нема. Според некои аналитичари, најголем ќар од договорот во овие две децении има ДУИ.