Магијата на светлиот Солун, уживањето во трчањето по идеална патека и жедта на луѓето да спортуваат и да доживеат посебни емоции, го направија 9-от Меѓународен ноќен полумаратон во Солун – Зени Θ , уште еднаш единствен !
И уште едно успешно натпреварување за атлетичарите на АК „7-Ми Ноември“.
Драган Ристов , Данче Крајчева, Цеца Србова, Тоше Анчев, Станислав Стојменов, Магдалена Јованова, Никола Ковачев, Русимка Динева Ѓорге Лазаров, Валентина Узунова, Мијалче Андоновски, Ангел Делиќ ,Игор Коцевски, Томе Каркалашев, Блаже Петковски, Александар Петковски, Тоше, Александра и Борјана Петкови, Петар Лешев, Марјан Ризов, Насе Епов и Методија Ичев, сите членови на АК „7-Ми Ноември“ заслужуваат уште еднаш пофалби за нивниот ентузијазам и успешно претставување на Гевгелија и Македонија на Ноќниот полумаратон одржан вчеравечер во Солун, Република Грција.
Тркачката програма на 9. Меѓународен ноќен полумаратон во Солун – Зени Θ вклучуваше полумаратон (почеток 18:30 часот, почетна точка: авенија Никис, на висина на плоштадот Елефтерија), како и трките на 10.000м. (почеток 17:30 часот, почетна точка: авенија Никис, на висина на Белата кула), и 5.000м. (почеток: 20:15 часот, почетно место: Градско собрание на Солун).