22 АПРИЛ-ПРАЗНИК НА ПОШТЕНСКИТЕ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
Честитки по повод празникот на над 2000 вработени во Македонски пошти. На сликите се сегашната пошта во Гевгелија и поштенската зграда од 1927 година
Македонска пошта е јавно претпријатие кое врши дејност на јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај на Република Македонија, согласно Законот за поштенски услуги. Формирано е со поделба на поранешното претпријатие ПТТ (Пошта-телефон-телеграф) на Македонска пошта и Македонски телекомуникации на 1 јануари 1997. Македонска пошта има повеќе од 2000 вработени и над 300 единици на поштенска мрежа на целата територија на Република Македонија.
Денот на македонските поштенски работници се прославува од 22 април 1920 година кога престана да функционира поштенско -телеграфскиот сообраќај во Македонија.
Од 4 октомври 1913 година на релација Гевгелија-Белград била воспоставена подвижна пошта, а од 1914 година започнала да работи амбулантна пошта Белград-Гевгелија и Гевгелија-Ниш. Покрај овие пошти во транспортот на поштенски пратки бил користен и возот Ориент експрес кој сообраќал на линија Париз-Скопје-Солун-Цариград а поминувал низ Гевгелија.
Во 1964 година железницата и подвижната пошта биле целосно напуштени, а поштенскиот сообраќај се одвивал со сопствени автофургони.